
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ испрати силна порака до Црна Гора дека ако не ги прифати принципите на Бадентеровата комисија за разграничување на земјиштето, може да заборави на продолжувањето на преговорите со Европската Унија.
Пленковиќ ова го изјави вчера во парламентот по изјавата на пратеникот на ХДЗ, Андро Крстуловиќ, дека „со отфрлањето на временската рамка за завршување на преговорите со Црна Гора во Европскиот совет, ѝ оставил на Црна Гора доволно време да одлучи што да прави со отворените прашања што хрватската страна ги поставува пред неа со години“.

Претседателот Милатовиќ, со своите ставови, сигурно не придонесува за брзо приближување и решавање на отворените прашања со Хрватска, бидејќи ја доведува во прашање плочата во Мориње, нарекувајќи ја нелегална, а исто така пред да дојде во Загреб, вели дека договорот со Хрватска за границата не треба да се прифати, бидејќи тоа ќе ги стави во лоша позиција во преговорите. Дали знаат дека, ако не го потпишат тој договор, можеме да го сметаме тоа како неоткажување од нивните територијални претензии кон Хврастка? Дали се свесни за тоа? – праша Крстуловиќ.
Пленковиќ му одговори:
- Тоа е значењето, затоа предлогот за договорот за границата на копно, односно за разграничување на копнената граница, принципот на Бадентеровата комисија, испратен до црногорската страна, требаше да биде прифатлив за Црна Гора. На крајот, привремениот режим што е на сила тргнува од таа поставка. Ако не им одговара, тоа значи дека тие испраќаат порака: не можеме да ги прифатиме принципите на Бадентеровата комисија, не веруваме дека се републикански граници и граници меѓу државите што се создадени по поранешната СФРЈ. Тогаш тоа е сериозен проблем. И во таа варијанта, Црна Гора нема да ги затвори преговорите за пристапување како што е планирано. Да бидам многу јасен – рече Пленковиќ во Парламентот, пренесува порталот РТЦГ.

Македонски



