
Жена е тешко повредена откако во неа налетал возач кој по несреќата избегал.
Како што соопшти МВР, вчера околу 13:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Братство Единство“ и ул.„Доне Божинов“ во Куманово, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Б.В. од с.Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, удрило во 54-годишната В.А. од Куманово и го напуштил местото, но набргу е пронајден во близина на местото на несреќата.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобила В.А., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Македонски



