
Две години казна затвор за Пеце Матевски, екс-директор на РЕК „Битола“ за незаконитости во тендерот за ископ на јаловина со фирмата „Рудкоп“ Битола во 2022-2023 година. Условни казни затвор за Димитар Петковски, Благојче Ѓорѓиевски, Тони Ангелевски членови на Стручната комисија, ослободителни пресуди за Снежана Макаријоска, Анита Кузевска и Љупчо Стефановски членови на Комисијата за јавни набавки. Условни пресуди за Александра Маџевска-Сараќинчева, Аземина Учкан и Добрила Јордановска, сите три вработени во Бирото за јавни набавки во Скопје.
Извор Независен.мк

Македонски



