Skip to main content

Уште едно нападнато дете во училиште, снимката заврши на интернет

Magnific

Вчера во 19:00 часот во ОВР Гостивар, И.Б.(33) од село Долна Бањица, гостиварско, пријавил дека околу 15:30 часот во дворот на основното училиште во истото село, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице, кој бил со уште неколку лица, при што настанот бил сниман со мобилен телефон, а снимката подоцна била објавена на социјална мрежа.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Поврзани вести