Skip to main content
oriPI2E2erY

Oна што во Европа се нарекува кризен менаџмент, кај нас се вика од плата до плата

Иако Европската унија не е многу за верување а Македонија е безбедна земја „Република“ ги следи препораките за снабдување со храна и опрема ако недај боже фати војна некаде во Европа.Да преживееме барем 72 часа, А натаму оди работата.Добредојдовте во пет, кризни минути со Чавез.

Еве што прибраме. Вода имаме, да можеме барем кафе да направиме, бисквити, кроасани колку да не е без ич. Нешто да се касне. Батерии не можевме да најдеме, а и така дома кога ни требаат никогаш немаме. Имаме и пауер бенк да го наполниме мобилниот телефон, иако ако нема струја не знам како би го наполниле со овој надворешен полнач, Ама ќе се најде. Тука е и радио приемникot, ама пак ќе кажам ако нема струја како радио станиците ќе емитуваат програма со препорака за евакуакија на граѓаните. И на крај како најважно-свирче. Нас од Балканот свирчињата не потсетуваат на протести од време на шарената револуција кога извикуваа „ајмо звиждаљке“ додека ја носеа демократијата.

Шегата на страна, Европа е преплашена од можна војна и од протестите кои се случуваат од Грција до Франција. Најголемиот се најавува за 20 ноевври во речиси цела Европа. Како организатори се јавуваат некоја студентска или младинска организација. Штом слушнеш кој е организатор одма знаеш од каде дува ветрот. Одма ни текнува на еден филм кој знаеме како заврши.

Сте го гледале ли фиимот „лепи Париз лепо гори“,.Многу добар филм, играше и во кино. Да ,Франција со недели е парализирана со протести под превезот за некакви поскапувања во продавниците. Од што протестираат решија да влезат и да ги ограбат. Што знам, мене овие ликови не ми личат на студенти. Инсерти Париз.

Незадоволството на демонтрантите е насочено и кон претседателот Емануел Макрон. Тој и онака владее во два три посто рејтинг, па можеме и ние да му дадеме еден предлог. Зошто на демонстрантите да не им понуди еден Француски предлог. Ете тој негов предлог многу ни помогна нас во Македонија за никогаш да не станеме членки на ЕУ па може и ќе и помогне и на Франција. Уствари не дека никому не помогна овој предлог, помогна на Бугарите. Ова френско предложение,како што го викаат, направи да станеме членки на ЕУ само ако ги прифатиме бугарските уцени. А тоа ќе се случи на свети никогаш.

Не гори само Франција, и во Албанија се случуваат протести неколку недели против Еди Рама. Eве сега и Специјалното обвинителство му поднесе обвинение за островот што му го даде на зетот на Трамп. Фламинго револуција, како кај нас Шарена револуција. Тоа е, откако им дозволи мигрантски капови на ЕУ, а му растовараа и радиоактивен отпад, овие демокративе од ЕУ решија да го спакуваат зошто играл со Трамп. Е не со ЕУ требаше да игра. Ама мора да призннаам дека не ми е криво, дури и некако ми е ќеф што вака му прават .

Не знам дали Еди се сеќава како ни беше на нас Македонците кога по изборите во 2015 година на Божик ги собра Касами, Села и Ахмети и ни ја скроија Тиранската платформа. Ни рече прифатете официјален албански на цела територија, Албанци во Устав, промена на знаме, химна и грб, прогласасете Геноцид врз Албанците и сменете име . Коалиција со ВМРО пак не доаѓаше во предвид. И, ви текнува, се најде будала која прифати. Тоа не беше мешање во внатрешние работи на Македонија? Така да Еди, за таму каде што те спремаат нема да ти требаат бели патики, таму има друг дрес код на облекување, во пругасто одело.

Ви текнува на онаа млада невеста која од возбуда за мажачката не можеше да се сети како и се вика идниот сопруг па рече дека ќе се мажи за Белгија. Натаму е тргната и Ива Михајлова, девојката од Кочани која предизвика сообраќајка во која загина човек и избега во Бугарија.Ива сега е претворена во ријалити звезда па говори дека ќе се мажела во Бугарија. Таму свадбите биле повесели а и бугарските мажи биле позгодни од македонските.

Поврзани вести