
Тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Тракија“, во која животот го загубија 12 лица, ќе биде одбележана со ден на жалост во Бугарија. Владата одлучи утрешниот ден да биде посветен на загинатите, додека десетици повредени продолжуваат да се лекуваат во болниците.
Повредените се пренесени во болниците во Бургас, Сливен и Јамбол. Радев најави дека заедно со министерката за здравство ќе ги посети настраданите, а им се заблагодари и на спасувачките екипи и на граѓаните кои учествувале во извлекувањето и помошта, и покрај тешките временски услови и намалената видливост.
Министерката за здравство Катја Ивкова информираше дека во трите болници биле пренесени вкупно 51 пациент. Од нив, 33 се згрижени во Сливен, 11 во Јамбол, а седум во Бургас.
Тринаесет лица се со тешки повреди. Еден од повредените бил подложен на сложена операција во болницата во Бургас поради повеќекратни повреди. Според лекарските процени, тој има сериозни шанси да ја преживее несреќата.

Македонски



