Skip to main content
ВМРО-ДПМНЕ

Ангеловска повлече 250 илјади евра пред затворањето на банката

Филипче е нервозен затоа што ќе се најде решение за Алта банка, во време на СДС банките пропаѓаа, се затвораа, а блиски до кланот Заеви се богатеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на Венко Филипче.

Нервозата на Филипче е очигледна. Наместо да поздрави решение кое треба да придонесе за стабилноста на финансискиот систем и сигурноста на граѓаните, тој повторно се обидува да шири политички конструкции, да создава недоверба и креира црни сценарија. Очигледно е дека проблемот на Филипче не е во решението за Алта банка, туку во тоа што оваа Влада покажува дека проблемите можат да се решаваат, наместо да се оставаат граѓаните да ги плаќаат последиците како во време на СДС. СДС треба да се потсети дека во нивно време се затвораа банки, финансиски институции пропаѓаа, а граѓаните и компаниите се соочуваа со неизвесност додека кланот Заеви се богатеа, велат во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката.

Тогаш Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Филипче и СДС немаат кредибилитет да држат лекции за финансиска стабилност додека избегнуваат одговори за периодот во кој тие управуваа со државата. Наместо да ја напаѓаат секоја иницијатива за решавање на проблемите, нека одговорат на прашањата што ги интересираат граѓаните кој добивал кредити, под кои услови, колку од тие средства биле вратени и дали постоеле привилегирани клиенти блиски до тогашната власт на СДС и ДУИ?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче не треба да биде нервозен кога се решаваат проблеми, додаваат од партијата, треба да биде подготвен да одговори за времето кога неговата партија беше на власт.

Додека Филипче се занимава со црни сценарија, да не се грижи банката ќе биде спасена и банката ќе продолжи да функционира. Им пропаднаа само црните сценарија на СДС и Филипче. Граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести