
– Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, за кој претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одлучи да не го потпише указот за прогласување, денеска повторно се разгледува во Собранието, во рамки на 129. пленарна седница.
За законските измени се поднесени вкупно 2.158 амандмани. Владејачкото мнозинство поднело амандман со кој се бара бришење на спорниот член 13, согласно укажувањата на претседателката, додека најголемиот дел од останатите амандмани се поднесени од СДСМ.
Сиљановска-Давкова на 4 ноември испрати допис до Собранието, во кој информираше дека, по внимателна анализа и консултации со експерти, согласно член 75 став 3 од Уставот, одлучила да не го потпише указот за прогласување на законските измени, усвоени на собраниската седница на 26 октомври 2026 година.

Македонски



