
Од Клиниката за Гинекологија и акуштерство денеска споделија дека ноември е месецот кој им го посветуваат на предвреме родените бебиња.
Оттаму посочуваат дека едно од секои десет бебиња во светот се раѓа предвреме. Годишно, тоа се околу 15 милиони мали животи кои ја започнуваат својата најголема битка уште најраната возраст.
На Клиниката за гинекологија и акушерство годишно се раѓаат меѓу 600 и 700 предвремено родени бебиња. Мали по димензија, но огромни по храброст. Нашите најмали, а најсилни херои. Зад секое од нив стојат родители кои живеат меѓу стравот и надежта, секојдневно собирајќи сила за своите малечки. И здравствени работници кои безрезервно, со знаење, посветеност и љубов, се борат за секој мал живот“, велат од ГАК.
Од Клиниката нагласуваат дека денес ја слават нивната храброст, истрајноста на родителите и големината на сите оние што се грижат за нив, притоа проачувајќи дека и најмалите животи заслужуваат најголема шанса за иднина.
Од 2026 година, датумот на одбележување официјално е поместен од 17 на 15 ноември, согласно календарот на СЗО.

Македонски



