Skip to main content

Измамниците пак хараат, овојпат во Штип

Freepik

Во изминатиов период во СВР- Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела „измама“ и „обид за измама“. Во пишано соопштение од СВР-Штип се наведува дека најчесто непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и слично имаат повреди и над истите треба да се изврши итна операција, за што побаруваат поголеми износи на парични средства со што ги доведуваат оштетените во заблуда, при што лицата даваат пари од своите заштеди и вршат штета на својот имот. 

СВР Штип апелира до граѓаните доколку добијат вакви или слични повици веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 112 за преземање на мерки и откривање на сторителите-соопштуваат од СВР-Штип.

Поврзани вести