
По дербито на 13.коло во Струга, Првата фудбалска лига има нов лидер откако екипата на Струга ја совлада тетовска Шкендија со 1:0. Јунак на дуелот беше резервистот Христијан Малески, кој голот го постигна во 72.минута, а пет минути претходно влезе во игра.
На дуелот во Кратово, првакот Вардар постигна победа против Силекс со 1:0. Стрелец на голот беше Горан Закариќ во 47.минута. Во завршницата на дуелот домашните постигнаа гол, но по прегледувањето на ВАР снимката беше поништен.

Македонски




