Skip to main content

Татко (61) го претепал 12-годишниот син во семејниот дом во Крива Паланка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против О.Р.(61) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Според информациите, на 29.09.2026 во семејниот дом во кривопаланечко, пријавениот физички го нападнал неговиот 12-годишен син, нанесувајќи му повреди.