Skip to main content

Се очекува повисока цена од ланската: Тутунарите и компаниите се подготвуваат за откупот на тутунот

Pixabay

Тутунарите и 10-те откупувачи во земјава ги прават последните подготовки за стартот на откупот на тутунот од годинашнава реколта која се проценува на околу 26 000 тони квалитетен род.

Се очекува од 17 ноември, со вонредниот откуп пунктовите да ги отворат дел од компаниите. 

На прагот сме на откупот на тутунот за годинашнава реколта. Во овие денови се врши нострификација на мострите, без што не може да почне откупот. Од 16 ноември е вонредниот откуп на тутунот од годинашнава реколта, а редовниот откуп е од 15 декември. Во вонредниот откуп може да почне да презема тутун кое сака претпријатие. На 16 ноември компаниите ги подигнуваат заверените мностри, од Институтот за тутун. Во средата имавме средба со министерот за земјоделство и со откупувачите, но откупувачите не кажаа со колку точно ваги ќе го почнат откупот на тутунот и колку компании ќе почнат со преземање на родот. Има најава дека дел компании ќе почнат во вонредниот откуп на тутунот, од 17 ноември, но не знаеме во колкав број и на колку ваги. За отркупот  се регистрирани 10 откупни претпријатија и пријавени се 324 ваги, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија. 

Од Сојузот очекуваат да се постигне повисока просечна цена од ланската од 420 денари.

Цената сметам дека ќе биде повисока од ланската. Очекуваме годинашната просечна цена дека ќе биде повисока од ланската од 420 денари и да достигне до 440 или 450 денари за килограм затоашто реколтата е квалитетна, смета Ристески. 

Поврзани вести