Skip to main content

Возачот на автобусот заспал: Откриена причина за несреќата во Франција во која загинаа две деца

Причина за автобуската несреќа се случи утрово околу 7:00 часот во местот Лент во близина на францускиот град Лион, е тоа што возачот на автобусот заспал, соопшти локалната полиција.

Во несреќата загинаа две деца на возраст од 7 и 18 години, а уште 16 други патници во автобусот се повредени, од кои четири се во критична состојба.

Според полицијата, за време на испрашувањето 26-годишниот возач на автобусот изјавил дека заспал зад воланот. Во неговата крв не се пронајдени траги од алкохол или наркотици.

Тој е уапсен, но и пренесен во болница поради повреда на ногата.

Несреќата се случила кога автобусот излетал во канал покрај патот и удрил во дрво. Првично беше соопштено дека станува збор за училишен автобус, но потоа беше појаснето дека станува збор за автобус на редовна регионална линија.

Поврзани вести