
По скандалот со контаминирана храна за бебиња, кога во декември 2025 година, во повеќе европски земји беше откриено адаптирано млеко во прав за бебиња произведено со контаминирано масло од арахидонска киселина увезено од Кина, Европската Унија конечно се согласи да воведе трајна гранична вредност за токсинот цереулид (cereulide) во бебешките формули, пренесе ДПА.
Комисијата соопшти дека „неговото присуство во прехранбените производи е предизвикано од недостатоци во производствениот процес“. Лани ова доведе до масовни повлекувања на производи од пазарот.
Новата безбедносна граница ќе се применува на сувите и течните производи од почетните формули за доенчиња, производствените формули по период на доење и храната за посебни медицински намени за доенчиња.
Инаку, цереулидот е токсин што го произведуваат бактерии и кој може да предизвика ненадејна мачнина, повраќање и болки во стомакот од 30 минути до шест часа по неговото консумирање.

Македонски




