Skip to main content

Гарнир за секоја пригода: Пире од сладок компир

Magnific

Нежно пире од сладок компир со мазна текстура, лесно за подготовка.

 Состојки:

  • 3 печени слатки компири
  • 5 чешниња лук
  • сол, 2 лажици маслиново масло
  • малку сецкана жалфија

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C, и на плех ставете ги компирите (добро измиени), печете 40 минути. Кога малку ќе се изладат по печењето, ставете ги во сад за пасирање, додадете го сецканиот лук, сол, маслиново масло, сецкана жалфија и добро изгмечете, како смеса за пире, промешајте и сервирајте како додадок со месо.