Skip to main content

ДУИ и СДСМ ги уништија Железници, ЈО да постапи по ревизорските извештаи, бара Министерство за транспорт

Двете јавни претпријатија „Македонски железници транспорт“ и „Mакедонски железници инфраструктура“ ги примија двата ревизорски извештаи за периодот во кој со претпријатијата раководеа кадрите на СДСМ и ДУИ. Во ревизорскиот извештај кој е изготвен на барање на актуелните раководства се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки, соопшти Министерството за транспорт.

Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување – се наведува во соопштението.

Министерството апелира до јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија.

Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени до Јавното обвинителство и апелираме да постапи по овие извештаи.Извештаите за двете јавни претпријатија, Македонски железници инфраструктура и Македонски железници транспорт се однесуваат на работењето до 2024 година, и е извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на јавните претпријатија – нагласуваат од Министерството. 

Поврзани вести