Skip to main content

Почувстван земјотрес во Македонија

Во регионот денеска се регистрирани два земјотреси, информираат сеизмолошките служби.

Првиот земјотрес бил почувстван во Македонија во 10:08 часот по локално време во близина на Гевгелија со јачина од 2,3 степени и длабочина од 5 километри.

Епицентарот на земјотресот е на 16.7 километри од Струмица.

Во Хрватска нешто подоцна, во 10 часот и 49 минути е регистриран и втор земјотрес со јачина од 2,7 степени. Епицентарот е лоциран во или во близина на Дубровник, околу брегот на Јадранското Море, исто така на длабочина од 5 километри. Овие потреси најверојатно се почувствувани и во другите земји од регионот.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Поврзани вести