Skip to main content

„Звучни хоризонти на Македонија“- пијано рецитал на Мимоза Ќека вечерва во Салон 19,19

Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 20 часот солистички рецитал ќе одржи пијанистката д-р Мимоза Ќека. Под наслов „Звучни хоризонти на Македонија“ таа ќе изведе дела од Јохан Себастијан Бах, Волфганг Амадеус Моцарт, Томислав Зографски и Морис Равел, со посебен акцент на пијанистичките транскрипции и различните начини на обликување на музичкиот израз на клавирот.

Ќека е концертна пијанистка и доктор по музички уметности, со меѓународна концертна дејност како солистка и камерна музичарка. Настапувала во Њујорк, Париз, Виена, Рим, Прага и Милано, а нејзината професионална дејност ги опфаќа концертната интерпретација, пијанистичката педагогија и авторските концертни проекти. Проектот „Звучни хоризонти на Македонија“ е поддржан од Министерството за култура и туризам.

Поврзани вести