Skip to main content

Двајца Турци криумчареле мигранти низ Македонија

Вчера околу 12.15 часот на автопатот Табановце- Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода Д.И.Х.(44) од Република Турција, со привремен престој во РСМ. При контрола во возилото „опел вектра“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени две лица од Република Турција, за кои по извршени проверки било утврдено дека илегално влегле во државата.

Во 18.30 часот, пак, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.Т.(45) од Република Турција, со привремен престој во државата. При контрола на патничко возило „geely atlas pro“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти од Сирија, од кои еден малолетник.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани вести