Skip to main content

ДИК: Излезеноста во Брвеница до 13 часот е 27,81 проценти

Членови на Државната изборна комисија предводени од претседателот Маричиќ денес посетија три избирачки места во Општина Брвеница.

Расте излезноста на гласачите во општина Брвеница каде денеска се одржува вториот круг од изборите за градоначалник.

До 13 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, што претставува 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи, соопшти Државната изборна комисија.

Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 7,31 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.

– До 11 часот податоците од сите 24 избирачки места се дека излезноста изнесува 13,82 проценти, односно дека од вкупно запишаните 16.256 гласачи до 11 часот гласале 2.245 граѓани. Најголема излезност до 11 часот се забележува во избирачкото место станува 2.044 и тоа 22,12 проценти, додека најмала на избирачкото место 2.047 каде има 5,33 проценти – истакна претседателот на Државната изборна комисија Бојан Маричиќ.

Тој направи споредба со првиот круг и оцени дека има зголемена излезност.

– Во споредба со првиот круг излезноста во 11 часот е зголемена за 4,71 процент. Пред две недели до 11 часот гласале 1.480 гласачи или 9,11 проценти од вкупниот број на запишани гласачи, сега се 13,82 отсто односно 2.245 – рече Маричиќ.

Во однос на заштитата на личното избирачко право до 11 часот до ДИК е доставен еден приговор кој е усвоен и на гласач му е овозможено да гласа.

– Ние на трите места каде што поминавме секаде гласањето течеше нормално. Некаде каде што имаше повеќе метеж и повеќе обиди за идентификација, сите беа успешни, така што она што го видовме е еден зголемен интерес, но и нормален тек на гласањето – додаде тој.

Членови на Државната изборна комисија предводени од претседателот Маричиќ денес посетија три избирачки места во Општина Брвеница.

Поврзани вести