Skip to main content

Облачното време со повремени врнежи ќе потрае до сред, кога ќе има стабилизирање

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура е во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени Целзиусови.

Времето во наредните денови ќе биде под влијание на циклонска активност. Од денеска до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има во недела и во вторник. На повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд (над 25 l/m² за 24 часа), а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 l/m².

Од среда и во деновите потоа ќе се задржи стабилно време. 

Поврзани вести