
Синдикатите на средношколците и на студентите во Франција (Union syndicale lycéenne и Union étudiante) денеска пред почетокот на протестите во Париз, повикаа на блокади на образовните установи од следниот вторник, објави парискиот весник „Ле Монд“.
Портпаролката на Студентскиот синдикат, Сабрин Карбаш, повика на блокада на универзитетите и средните училишта од вторник, а за четврток 5 ноември, најави студентски демонстрации во знак на поддршка на работниците што штрајкуваат.
Според двата синдиката, француската Влада сè уште не одговорила конкретно на барањата на младите, кои се залагаат за подобри услови во образованието.
Денеска низ Франција се одржуваат протести поради високите животни трошоци, а за одржување на редот се распоредени 70 илјади припадници на полицијата и жандармеријата.

Македонски


