
Двајца мажи се здобиле со тешки телесни повреди откако автомобил „мерцедес“ излетал од автопатот „Пријателство“ кај Трубарево и завршил во дворно место на семејна куќа.
Несреќата била пријавена денеска во 1.10 часот во СВР Скопје. Според информациите од МВР, патничкото возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М. (33) од Батинци, скопско, изгубило контрола, излетало од патот и притоа влегло во дворот на семејна куќа.
Во несреќата тешко биле повредени возачот Н.М. и неговиот сопатник Д.Г. (39) од Скопје. Повредите им биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје, а се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата.

Македонски


