
Во понедленик, н автори ноември од 19 часот во „Синаплекс“ во Скопје бесплатно ќе биде прикажан македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ од Кристијан Ристески во рамки на проектот „Македонски филм. На големот платно“ кој се реализира во соработка со Агенцијата за филм.
Три испреплетени приказни за три групи луѓе, една мува, едно прасе, една клозетска шолја и еден град. Нивните патишта се допираат во социјалната драма и комедија на апсурд на Кристијан Ристески, која прашува: колку е тешко да останеш чесен и верен на своите вредности во морално корумпирана средина?
Во улогите: Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски.
Продуцент на филмот е Дарко Попов, кинематографери се Димо Попов и Севдије Кастрати, монтажер е Горан Вуќиќ, композитори се Александар Пејовски и Ставрос Макрис, сценограф е Сашо Блажевски, костимограф е Емилија Ивановска Атанасовска, дизајнер на звук е Грег Малканџи, маскер е Мојца Горогранц Петрушевска, кастинг директор е Мони Дамевски.

Македонски


