Skip to main content

Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело, Ѓорѓиевски најавува почести вакви посети

Фејсбук профил на Орце Ѓорѓиевски

Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и пештерата Врело за граѓаните, со организиран автобуски превоз и професионални туристички водичи од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски посочува дека целта на активноста е природните богатства на Скопје да им бидат поблиски на граѓаните, кои имале можност да се запознаат со нивните особености и да дознаат повеќе за нивното значење.

Некои од најголемите природни богатства се токму тука, на дофат на секој скопјанец. Наша обврска е да ги чуваме, а моја желба е што повеќе граѓани лично да ја доживеат убавината со која Скопје се гордее! Токму затоа, денес организиравме бесплатен разглед на Матка и Врело, можност нашите сограѓани да се оддалечат од секојдневието и да уживаат во едно од најубавите катчиња на нашиот град – истакна тој.

Поврзани вести