Skip to main content

Директорот на Царина од САД најави потпишување Меморандум за соработка со Царинската и гранична служба на Соединетите Американски Држави

Во блиска иднина, Царинска управа ќе потпише Меморандум за разбирање и соработка со Царинската и граничната служба на САД (CBP) кој ќе биде од историска важност. Потпишувањето на Меморандумот ќе претставува значаен чекор кон унапредување на институционалната соработка, интензивирање на размената на информации во рамките на важечките законски овластувања, подобрување на проценката и управување со ризик, како и зајакнување на активностите за откривање и спречување на прекуграничниот криминал и нелегалната трговија.

Ова го најави директорот Бобан Николовски за време на неговиот официјален работен престој во Вашингтон, каде оствари посета на Националниот центар за таргетирање при Царинската и граничната служба на САД. Националниот центар има клучна улога во анализата на податоци, проценката на ризик и идентификувањето на потенцијалните закани поврзани со патниците и товарот.

„Нашата заедничка цел е јасна: побезбедни граници, поефикасни царински контроли и олеснување на легалната трговија. Преку силни меѓународни партнерства, современи методи за анализа на ризик и посветена институционална соработка, остануваме цврсто определени за модернизација на Царинската управа и зајакнување на нејзините оперативни капацитети, во интерес на нашата држава, економијата и безбедноста на граѓаните”, вели Николовски од САД.

Во рамки на работниот престој, директорот Николовски, воедно оствари работна посета на Министерството за внатрешна безбедност на САД (Department of Homeland Security – DHS), надлежни за координирање на клучните активности насочени кон обезбедување на безбедноста на Соединетите Американски Држави.

Поврзани вести