Skip to main content

Балетски перформанс на музика од македонски композитори денеска во МОБ

Балетски перформанс на музика од македонски композитори ќе се одржи денеска 31 октомври, сабота, 20:00 на Мала сцена на Македонска опера и балет.

Влезот е слободен !!!

ПРОГРАМА:

1. „Бранови“

Композитор: Jaна Андреевска

Кореограф: Соња Здравкова Џепароска, Дариа Џепароска

Изведувачи: Матеа Ефремовска, деца од балетското студио Аврора

2. „Патување“

Композитор: Томислав Зографски

Кореограф: Соња Здравкова Џепароска

Поезија: Славко Јаневски

Изведувачи: Mила Бошков, Христина Петрова, Јована Лазова, Софија Крстеска

3. „Метроном“

Композитор: Драган Даутовски

Кореограф: Елизабет Колевска

Поезија: Ацо Шопов

Изведувачи: Бојана Арсовска, Веселин Трајковски

4. „Носталгија“

Композитор: Стојан Стојков

Кореограф: Елизабет Колевска

Поезија: Влада Урошевиќ

Изведувачи: Мила Блажевска, Матеа Ефремовска, Леа Карчева

5. „Преплетување“

Композитор: Томислав Зографски

Кореограф: Соња Здравкова Џепароска

Поезија: Цане Андреевски

Изведувачи: Mила Бошков, Христина Петрова, Јована Лазова

6. „Trigger point“

Композитор: Дарија Андовска

Кореограф: Бојан Мицев

Изведувачи: Илијана Данилов, Бојана Арсовска, Веселин Трајковски, Андреј Димовски

Кореографи:

Соња Здравкова-Џепароска е македонски танцов теоретичар, драматург и професор на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа студирала балетска педагогија на ГИТИС во Москва и докторирала театарологија во Скопје. Автор е на шест книги и текстови во бројни научни публикации. Како драматург, го обликува балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ (Национална опера и балет, 2023), инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, и направи драматуршка преработка на „Велеградски варијации“ (2024). Последните четири години активно учетсвува во организацијата на фестивалот „Credence Dance“, воспоставувајќи го како платформа за млади уметници и меѓународна соработка.

Елизабет Колевска е магистер по балетска педагогија – современ танц. Работи како педагог во ДМБУЦ Илија Николовски Луј, раководи со приватното балетско училиште “Арабеск” и е хонорарен професор по сценски движења на Универзитетот Еуропа Прима и при ФМУ Скопје. Партиципира на конференции и симпозиуми во земјава и надвор, каде ги излага своите пишани трудови.

Бојан Мицев дипломирал на Факултетот за музичка уметност (УКИМ) во Скопје. Изгради меѓународна кариера танцувајќи со Elephant in the Black Box Dance Company во Мадрид, Балет Хаген во и Dance Company Osnabrück Германија, каде што работи од 2021 година. Паралелно со неговата танцова кариера, развил различни кореографски дела претставени на фестивали и сцени низ Германија, Шпанија, Русија, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Неговите кореографски дела добиле значајно признание. Тој е и основач на танцовата организација Motion Network во Македонија.

Поврзани вести