Skip to main content

Работник со камион се преврти во канал на градилиште

илустрација

Работник е тешко повреден откако со камион се превртил во канал.

Како што соопшти СВР Тетово, вчера е пријавено дека на градилиште на патната делница од „Коридор 8“, кај мостот кон с.Камењане, товарно моторно возило „ман“, сопственост на приватна фирма, а управувано од работникот Е.С.(26), се превртело во канал, кој бил во изградба.

Притоа, работникот се здобил со повреди на главата, констатирани во Клиничка болница во Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Поврзани вести