
Актерката од Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес, Зорица Панчиќ, беше член на стручното жири на театарскиот фестивал „Борини позоришни дани“ во Врање, Србија.
Покрај Панчиќ во жирито на 46. издание на овој фестивал беа и театрологот Миливоје Млаѓеновиќ (претседател на жирито) и писателот Горан Ибрајтер.
Наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра претстава во целина тие ја доделија претставата „Мојот театар“ (Moje pozorište), чиј автор и режисер е Борис Лијешевиќ, а продукцијата е на „Атеље 212“ од Белград.
Наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобар актер му беше доделена на Небојша Илиќ за неговата изведба во претставата „Мојот театар“.
Наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобра актерка ѝ се додели на Наташа Марковиќ за улогата на Мара во претставата „Црно злато“ од Дејан Дуковски, во режија на Оливер Фрљиќ и во изведба на Белградскиот драмски театар.
Наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобар драмски текст му се додели на Стеван Копривица за текстот на претставата „Уна“, во продукција на театарот „Звездара“ од Белград.

Македонски

