Skip to main content

Трамп планира оваа недела да воведе царини за овие две земји

Американскиот претседател Доналд Трамп сè уште планира да го исполни своето ветување дека ќе воведе царини за Канада и Мексико во сабота, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.

Таа истакна дека Трамп, исто така, сè уште ја мери висината на новите царини за Кина, објави Ројтерс.

Трамп минатата недела рече дека на 1 февруари ќе објави царини од 25 отсто за Мексико и Канада, освен ако тие земји не помогнат во решавањето на трговијата со фентанил во САД и прашањата за имиграцијата.

Американскиот претседател претходно изјави дека ќе се обиде да воведе царини од 10 отсто за стоки од Кина.

Тој најави и дека ќе воведе царини за стоки од Европската унија, а за него, пред сè, посебен проблем е трговскиот биланс, бидејќи ЕУ во 2023 година имала суфицит во трговијата со САД, наведува ЦНБЦ.

Поврзани вести