Skip to main content

Повторно уапсена Стојна

Вчера во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.Б.(41) од Кратово, постапувајќи по претходна пријава дека во локалитет „Камени кукли“ се обидела да наплати билети за влез во локалитетот и им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.

Јавноста веќе е запознаена со името на Стојна Димитровска Боотх, која со години нелегално наплажа влез за природниот феномен. Против неа во моментов се водат повеќе судски постапки поврзани со локалитетот „Куклица“, а Основниот суд во Кратово има изречено мерка на претпазливост со забрана за посетување на заштитениот локалитет.

Поврзани вести