Skip to main content

Во Србија повик за бојкот на големите трговски ланци во петок

Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива денеска ги повика граѓаните на Србија да ги бојкотираат големите трговски ланци в петок на 31 јануари, пишува Данас.

Како причина за овој повик Ефектива посочи дека Србија има највисоки цени во Европа.

Ефектива потсети дека потрошувачите во Хрватска ги бојкотирале малопродажните синџири и со тоа ги намалиле приходите на тие синџири за дури 47 отсто.

„Време е потрошувачите да возвратат“, наведуваат тие во повикот.

Претседателот на Ефектива, Дејан Гавриловиќ за Данас изјави дека е тешко да се прогнозираат ефектите од бојкотот на трговските синџири, кој за првпат би се организирал во Србија.

Како што додаде, прашање е колку луѓе ќе го направат тоа, бидејќи, според него, општеството е поларизирано.

Поврзани вести