Skip to main content

Флик и Мурињо со пофални зборови еден за друг

Facebook FC Barcelona

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, зборуваше за својот колега од Реал Мадрид, Жозе Мурињо, во пресрет на меѓусебниот дуел од 10. коло на Ла Лига.

-Моето почитување кон Мурињо е огромно. Тој ги докажа своите способности во секој клуб што го тренирал. Се сеќавам дека го сретнав еднаш во Мадрид кога бев асистент на Јоаким Лев во германската репрезентација. Отидовме да го видиме бидејќи некои од нашите играчи беа таму. Можам да кажам дека сите играчи што работеа под него зборуваа за него со огромно почитување. Го делам тоа мислење. Тој е колега кој постигна голем успех и одличен тренер кого го почитувам неизмерно, го цитираше новинарот Фабрицио Романо Флик на социјалните мрежи.

Барселона е лидер во пласманот во Ла Лига со 27 бода по девет натпревари. Реал Мадрид (21 бод) е на третото место.

Барселона и Реал Мадрид ќе играат во 10. коло од Шпанското фудбалско  првенство вечер од 21 часо

Поврзани вести