
Во јужниот дел на Тиренското Море се регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот бил со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала, по што е издадено портокалово ниво на предупредување за цунами, додека училиштата и канцелариите се евакуирани во Палермо.
Според податоците на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, најсилните земјотреси со магнитуда од 5,5, 3,6, 4 и 4,3, се регистрирани во рок од неколку минути.
Вкупно 25 сеизмички активности се регистрирани во областа, почнувајќи од 11 часот наутро, пренесува АДН Кронос.

Македонски

