Skip to main content

Продолжува бранот грабежи во Севиља, обиен домот на фудбалерот Пајот

Freepik

Бранот грабежи во домовите на фудбалери и познати личности во главниот град на шпанската покраина Андалузија, Севиља, продолжува, откако весникот „Диарио де Севиља“, објави денеска дека тројца маскирани мажи упаднале во станот на фудбалерот на Реал Бетис, Трој Парот.
Весникот известува дека маскираните мажи влегле во домот на фудбалерот, кој се наоѓа во станбената зона Ел Заудин, додека Бетис играше против Барселона во натпревар од шпанското првенство. Весникот, исто така, се наведува дека крадците си заминале со празни раце.
Парот е петтата позната личност што е ограбена во последните пет месеци во Севиља.
Пред неколку денови, пет вооружени и маскирани крадци упаднаа во домот на поранешниот голман на ПСЖ и шпански репрезентативец Серхио Рико. Нападот се случи во понеделникот околу 22 часот во близина на Севиља.
Изминатите мсеци, жртви на грабежи беа и соиграчот на Парот, Бразилецот Антони, Росио Осорно, дизајнерка и инфлуенсерка од Севиљ, како и познатиот тореадор Моранте де ла Пуебла.

Поврзани вести