Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска се сретна со Жил Кител, тим лидер за Југоисточна Европа за ИПА програмата, на која, како што вели, добил голема поддршка.
На денешната работна средба со Жил Кител, тим лидер за Југоисточна Европа за ИПА програмата, добив поддршка и охрабрување за досегашните активности на Министерството за локална самоуправа во насока на европската интеграција на Македонија.
👉🏻Разговаравме за напредокот на Интеррег ИПА програмите со Бугарија и Грција, согласувајќи се дека активностите се реализираат со добра динамика, навремено потпишани договори и исплатени кофинансирања. Посебно го изразивме задоволството од започнатата реализација на стратешкиот проект за граничниот премин „Клепало“ со Бугарија и проектот за новиот премин Маркова Нога на границата со Грција.
✅Го разгледавме и прогресот на Македонија во однос на ЕУ законодавството за 2024 година, го анализиравме проблемот со одливот на кадар и недоволните капацитети ангажирани за ИПА програмите.
ℹ️Плодната работна средба ја искористивме и за размена на мислења и искуства од ЕУСАИР, ЕУ стратегијата за Јадранскиот и Јонскиот регион, која обединува десет земји, вклучувајќи ја и Македонија, кои соработуваат во сферата на туризмот, животната средина, инфраструктурата и социјалата, со акцент на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.
➡️Нашата посветеност за успешна имплементација на ИПА проектите продолжува, со цел да ја унапредиме регионалната соработка, да создадеме подобри услови за живот на локалното население и да го продолжиме напредокот на Македонија на патот кон европската интеграција – напиша Перински на социјалнит мрежи.