Skip to main content

На Пониква ќе се рекреира на скијачка лента

 На Пониква пристигна скијачка лента (ski carpet), која треба да придонесе за подобрување на условите за зимски спортови и рекреација на оваа планинска туристичка дестинација.

Концесионерот „Ски Надја“ информираа дека во тек се подготовките и уредувањето на просторот каде што ќе биде поставена лентата, по што ќе следуваат монтажата и извршување други активности за нејзино ставање во функција во претстојната зимска сезона.

Со оваа инвестиција се очекува да се создадат подобри услови за најмладите посетители, кои ќе можат да ги направат своите први скијачки чекори, но и за семејствата и рекреативците кои сакаат да уживаат во зимските убавини на Пониква.

Инаку, „Ски Надја“ управува со двата ски-лифта на Пониква откако на 10 февруари  годинава потпиша десетгодишен договор за закуп со Општина Кочани, по јавното наддавање одржано на 30 јануари оваа година.

Според договорот, закупецот плаќа месечна закупнина од 40.100 денари, што беше највисоката понуда на наддавањето, а има обврска да ги одржува ски-лифтовите и да обезбеди нивно безбедно и непречено функционирање. 

Поврзани вести