Skip to main content

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ќе се одржи денеска во 11 часот во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник Ненад Танески.

На настанот ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали, претставници на воено-дипломатскиот кор, Министерството за одбрана и Армијата, како и роднини и пријатели на питомците.

Поврзани вести