
Ѕвездата на Сан Антонио спарс, Виктор Вембењама, е разочаран од лошото издание ноќеска на средбата со Оклахома во новата НБА-сезона.
Францускиот кошаркар имаше катастрофален шут од игра. Погоди само еден од 13 шутеви од поле, односно имаше 8 % реализација.
– Треба да се вратам на мојата кошарка. Ова не е игра. Немаше причина за несигурност. Играм добро кога се забавувам. Но, промашив шутеви што обично ги погодувам. После тоа, бев неодлучен. Бев премногу возбуден. Не треба да се обидувам да правам нешто различно. Треба да размислувам помалку на теренот, заклучи центарот.
Сан Антонио го загуби натпреварот со 116:104. Вембањама за 34 минути поминати на теренот постигна 12 поени, 10 од нив од линијата за слободни фрлања.

Македонски

