Skip to main content

Охриѓанец фатен со детска порнографија

архива

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик, соопшти МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен вчера со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронашле и одзедле деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија, по што веднаш го лишија од слобода, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Поврзани вести