Skip to main content

38-годишник загина од струен удар

архива

Маж од Студеничани загина по струен удар, во несреќа што се случила вчера.

Како што соопшти МВР, околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Кондово, скопско, М.Б.(38) од с.Студеничани, скопско, додека извршувал градежни работи на куќа во изградба добил струен удар, по што паднал на земја и починал.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Поврзани вести