Skip to main content

Ечеле „Млада партизанка“, „Другар Тито“: Казнет и притворен 39-годишен маж поради пуштање прегласна

Со парична казна од 2000 евра, Општинскиот суд во Карловац казни 39-годишен маж од околината на Огулин поради вознемирување на соседите со прегласна партизанска музика, со кои долго време имал лоши односи, по што веднаш бил притворен на една вечер.

Инцидентот се случил на 9 јуни годинава, во попладневните часови, во Турковиќи Огулински. Според сведочењата на соседите, музиката била толку гласна што се слушала дури и од улица.

Насекаде ечеа песните „Млада партизанка“, „Другар Тито“ и други, изјавила сосетка, нагласувајќи дека и другите соседи ја прашувале што се случува.

Нејзиниот сопруг посведочил дека партизанските песни ги доживеал како провокација од соседот кој во многу наврати, со пцовки, го навредувал него и неговите предци, нарекувајќи ги „партизани“

Поврзани вести