
Едно лице загина при падот на воен авион на североистокот од Франција вчера вечерта, а друго се води како исчезнато. Информацијата ја објави француското Министерство за вооружени сили, пренесува Ројтерс .
Тие рекоа дека авион на француското воздухопловство, модел Мираж 2000D, се урнал во регионот Мерт и Мозел. Во времето на несреќата имало две лица во авионот.
Според соопштението од министерството, истрагата за причината за несреќата е во тек.

Македонски

