Skip to main content

Поради големиот интерес за „Лефти и Рајти си најдоа дом“ на 28. ноември (сабота) ќе изма две премиери

Поради големиот интерес за премиерата на краткиот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“, 28. ноември (сабота) е прогласен за премиерен ден со нов, втор термин, во 17:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ).

Целата програма ќе трае 45 минути и е замислена како мултимедијално искуство, кое ги спојува филмот, театарот и музиката во една приказна. Режијата на овој мини мјузикл, кој ќе се одвива по завршувањето на краткиот филм  ја потпишува Бојан Трифуновски.

Музичката подлога на овој перформанс подразбира оригинални нумери, но во колажот влегуваат и популарната песна на Калиопи “Обои ме”, како и еден препев од легендарната Доли Партон.

“Наскоро планираме промоција на оригиналната песна „Копче по копче“, која јавноста ќе ја слушне пред премиерата“, додадоа од зАнимација продукција. 

Билетите за вториот термин во 17:00 часот се во продажба на:https://www.karti.com.mk/lefti-i-rajti-si-najdoa-dom-makedonski-animiran-film-17.nspx

Поврзани вести