Skip to main content

Македонски државјанин возел 184км/час и удрил во полициско возило на автопатот кај Бујановац

Македонски државјанин вчера бил уапсен откако возел 184 км/ч на автопатот кај Бујановац. Во таа прилика повредил полицаец, удрил и оштетил полициско возило, а оштетил и полициски радар.

Ова за српски Курир го потврди Бобан Накиќ, јавен обвинител во Бујановац.

Изредив приведување на државјанин на Македонија Ј.А.(2002) бидејќи денеска на автопатот кај Бујановац возел 184 километри на час, удрил во службено полициско возило и повредил полициски службеник. Оштетен е и полицискиот радар при ударот. Материјалната штета што настана во таа прилика се проценува на над 2 милиони динари, рече Накиќ.

Несреќата се случила на делницата од автопатот меѓу Бујановац и Прешево.

Поврзани вести