
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска во неговиот кабинет оствари средби со повеќе од 50 граѓани, на кои се разговараше за она што им го отежнува секојдневието, за нивните потреби, како и за можностите да се помогне што побрзо и поконкретно.
Секој човек заслужува да биде сослушан со внимание и почит. Зад секое барање стои нечие семејство, нечие секојдневие и надеж дека ќе се најде решение. Таа доверба за мене е голема одговорност. Од овие средби секогаш заминувам со нови сознанија, добри предлози и идеи за нашиот град. Особено ги ценам мудрите совети на повозрасните сограѓани, чие искуство е драгоцено. Токму затоа, дел од приемните денови ги одржувам и за време на викендите. Да имаме повеќе простор за мирен и отворен разговор, да се посветиме на секое прашање и заедно да го побараме следниот чекор кон решение. Мојата врата останува отворена за секој човек. Да бидам достапен, да слушам и да постапувам, тоа е мојата обврска кон вас, секој ден, изјави Ѓорѓиевски.
Средба со градоначалникот Ѓорѓиевски можете да закажете на 02/3 279 204. Секојдневните средби со граѓаните продолжуваат со истата динамика.

Македонски

