
Поради интервенција на водоводната мрежа, денеска без вода ќе останат корисниците на улицата „Миладин Поповиќ“, како и делови од улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булеварот „Илинден“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е неопходен поради замена на затворач со профил Ф-100 на улицата „Миладин Поповиќ“, кај број 15.
Работните активности ќе започнат во 9 часот наутро, а водоснабдувањето ќе биде прекинато сè до завршувањето на предвидената интервенција.
Од претпријатието посочуваат дека нормалното снабдување со вода ќе биде воспоставено по завршувањето на работите на терен.

Македонски

