Skip to main content

Костадин Шурбановски: По речиси 25 возбудливи години, заминувам од Скопскиот џез фестивал

По речиси 25 возбудливи години, заминувам од Скопскиот џез фестивал, во потрага по нови авантури и предизвици. Ви благодарам за поддршката и соработката, ви посакувам сè најдобро на приватен и професионален план. Се надевам дека ќе имаме прилика повторно да соработуваме, стои во писменото соопштение кое досегашниот директор на Скопски џез фестивал Костадин Шурбановски го испрати до медиумите.

Тој додава дека понатаму за прашањата што се однесуваат на Скопскиот џез фестивал, јавноста треба да се обрати кај Оливер Белопета, основач и долгогодишен директор на Скопскиот џез фестивал, кој го организира и Фестивалот на музика од светот Офф-фест.

По пензионирањето на Белопета, Шурбановски стана директор на СЏФ, но сите досегашни изданија ги организираа заедно. Скопскиот џез фестивал во 2009 доби Орден за заслуги на Македонија.

Поврзани вести