
Во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 17 октомври, во 19:00 часот, ќе се одржи вечер на фолклор за деца и за млади „Играме заедно“.
Домаќин на вечерта, која е под мотото „Убавината на различностите“, е КУД „Моминок“, кое твори и работи во рамките на ЦК „Марко Цепенков“.
Освен КУД „Моминок“,ќе се претстават и: КУД „Младост“ од Кичево, КУД „Илинден“ од Кривогаштани, ФГ „Вапцаров“ при ЦК од Делчево, КУД „Лазарица“ од Станари, БиХ, и КУД „Охриѓанка“ од Охрид.
Првпат се организира оваа вечер и се планира да прерасне во фестивал, да стане традиција, а и дел од програмата на Центарот за култура.

Македонски

